Манчестер Сити и Атлетико Мадрид покажува сериозен интерес за дефанзивецот на Аталанта, Робин Госенс, пренесуваат италијанските медиуми.
Пеп Гвардиола е голем симпатизер на квалитетите на левиот бек и сериозно размислува да го доведе на „Етихад“ на лето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сити е во потрага по лев бек бидејќи на лето готово сигурно ќе се раздели со Зинченко, а Госенс е на врвот на листата желби.
„Граѓаните“ ќе треба да ја победат конкуренцијата, бидејќи за Госенс веќе подолго време интерес покажува Атлетико Мадрид.
26-годишниот Германец игра уште една фантастична сезона со Аталанта, каде на 34 меча постигна 10 гола и запиша 7 асистенции.