Дома Фудбал Англија Манчестер Сити има прилика да ја одигра најдобрата сезона во историјата на ПЛ

Манчестер Сити има прилика да ја одигра најдобрата сезона во историјата на ПЛ

Манчестер Сити синоќа, во последниот натпревар од 30. коло во Премиер лигата гостуваше кај Стоук и запиша победа со резултат 0:2.

На Граѓаните за нов триумф им беа доволни две одлични акции и два гола на најдобриот поединец на натпреварот Давид Силва, во 10 и 50 минута.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Победата над Стоук за тимот на Гвардиола беше 26та во тековната сезона во ПЛ, а со тоа Сити се доближи до неколку рекорди, кој ако ги собори можат да бидат ациментирани во историјата на англиската Премиер лига.

До крајот на сезоната во ПЛ останува да се одиграат уште осум кола, а повеќе од веројатно е дека Граѓаните ќе го соборат рекордот на Челси од сезона 2004/05. Имено, тогаш Плавите станаа клуб кој освоил најмногу бодови во една сезона во ПЛ, дури 95, но тој рекорд сега е сериозно загрозен.

Уште еден рекорд на Челси е во опасност до крајот на сезоната и тоа оној по број на голови. Така, на Сити е потребно уште 19 погодоци да го собори рекордот на Челси од сезона 2009/10 кога Плавите во шампионатот на Англија постигнаа 103 погодоци.

Доколку Сити, во останатите осум натпревари победи во седум, ќе ја помине магичната бројка од 100 освоени бодови во една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…