Дома Фудбал Англија Манчестер Сити го одбрани трофејот, но ќе се зборува за непослушноста на Аризабалага (ВИДЕО)

Манчестер Сити го одбрани трофејот, но ќе се зборува за непослушноста на Аризабалага (ВИДЕО)

После 120 минути беше 0:0 за на пенали Манчестер Сити да го освои трофејот, но сите после овој натпревар ќе зборуваат за она што го направи голманот на Челзи.

Челзи во финалето влезе играјќи бункер, Сари излезе со лажна деветка со Азар, го немаше Маркос Алонсон, Емерсон почна од првата минута.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во првото полувреме видовме по некоја шанса и на двете страни, меѓутоа мрежите мируваат.

Во второто полувреме видовме повеќе возбудувања, Сити се уште ја држеше топката. Азар неколку пати и побегна на одбраната, во една ситуација Канте шутираше над голот, а во друга Педро место шутира одигра повратна топка.

Манчестер Сити постигна и еден погодок, меѓутоа беше голот на Агуеро беше поништен поради недозволена позиција.

Во финишот од регуларниот дел Челзи изгледаше посвежо и со поголема самодоверба, а таков впечаток оставија и во продолжението. Влегоа Игуаин и Одои, па повеќе се играше на половината на шампионот.

Сепак на почетокот на второто продолжение Сити можеше да стигне до победа. Стерлинг и Агуеро беа во акција, но спаси Аспиликуета.

И потоа во финишот следуваше вистински циркус. Кабаљеро кој е специјалист за пенали беше испратен на загревање за да влезе во игра, но се случи нешто сосема неочекувано – Кепа Аризабалага одби да излезе од игра! Баскиецот остана цврсто на својот став и не го напушти голот.

Во пенал рулетот Сити беше подобар и го доби со 4:3. Кај „граѓаните“ не реализираше само Сане, додека кај Челзи не се прославија Жоригињо и Давид Луиз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Лудо“ дерби во Манчестер: „Ѓаволите“ со луд пресврт во две минути ја продолжија агонијата на Манчестер Сити! 🎥

Манчестер Јунајтед со луд пресврт во две минути славеше ппобеда во дербито со градскиот ри…