Дома Трансфер зона Манчестер Сити го „блиндира“ Де Брујн

Манчестер Сити го „блиндира“ Де Брујн

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујн е блиску до потпишување на нов договор со клубот до „Етихад“, пренесуваат англиските медиуми.

Де Брујн игра фантастична сезона и се етаблираше во еден од најдобрите фудбалер во Премиер лигата, па „граѓаните“ сакаат да го наградат со нов договор.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Медиумите на Островот тврдат дека двете срани постигнале согласност за договор до 2024 година, според кој Белгиецот неделно ќе заработува 260.000 фунти.

Актулниот договор на Де Бруј истекува во 2021 година, но Сити сака да го „блиндира“ својот играч, па ќе го направи еден од најплатените фудбалер на светот.

Де Брујн пристигна во Манчестер Сити во 2015 година, а оваа сезона запиша 32 натпревари во сите натпреварувања на кои постигна 8 гола и запиша 13 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Се појави опција за Погба: Французинот добива нова шанса во Премиер лигата?!

Екипата на Јувентус не се одлучи да го задржи Пол Погба кој по истекот на суспензијата во …