Дома Фудбал Германија Мануел Ноер откри дека имал рак на кожата

Мануел Ноер откри дека имал рак на кожата

Капитенот на Баерн Минхен, Мануел Ноер откри дека имал рак на кожата на лицето и поради тоа се подложил на три операции.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Искусниот голман ова го откри со видео на својот профил на Инстаграм каде заедно со тенисерката Анжелик Кербер промовираше нова серија продукти за заштита на кожата.

„Во мојот случај мораше да направам три операции бидејќи имав рак на кожата на лицето. Постојано играм и тренирам надвор, а слободното време сакам да го поминувам во природа, па важно е да користиме кремови со фактор 50+“, кажа Ноер во видеото.

Шпекулациите за можната болест на Ноер започнаа во декември 2021 година, кога беа забележани белези на неговото лице.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Сеп Блатер откри кого сака на чело на ФИФА

Поранешниот претседател на ФИФА Сеп Блатер (90) на социјалната мрежа X изрази поддршка за …