Дома Трансфер зона Манолас после само девет месеци го напушти Олимпијакос

Манолас после само девет месеци го напушти Олимпијакос

Поранешниот соиграч на Елиф Елмас од Наполи, Костас Манолас минатото зимо изненади со трансферот во Олимпијакос.

Со голема еуфорија Манолас беше дочекан во гигантот од неговата татковина меѓутоа си замина само девет месеци подоцна. Нов клуб во кариерата на грчкиот дефанзивец ќе биде Шаржа од Обединетите Арапски Емирати.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Заминувањето на Манолас доаѓа со цел да се ослободи буџетот на Олимпијакос за плати со оглед на тоа дека во овој преоден рок во Пиреа пристигнаа Марсело и Хамес Родригез.

Во Шаржа Манолас ќе им се придружи на Миралем Пјаниќ и Пако Алкасер. Засега не е позната платата која Манолас ќе ја заработува во овој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…