Дома Топ вести Малком е минато имаме нова лудост: Тргнал на гостување и во автобус му кажале – продаден си! (ВИДЕО)

Малком е минато имаме нова лудост: Тргнал на гостување и во автобус му кажале – продаден си! (ВИДЕО)

 Вилмар Бариос е „анонимец“ за пошироката фудбалска јавност, но неговата приказна од трансфер периодот дефинитивно заслужува големо внимание.

Се уште ни се свежи сеќавањата од летната лудница која ја приредија Малком и Барселона, но ова можеби е нешто уште поневеројатно.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Имено, Вилмар беше фудбалер на Бока, а во текот на овој преоден рок се поврзуваше со трансфер во Рома и Зенит. На крајот заврши во рускиот клуб.

Зенит за неговите услуги на Бока и плати 15 милиони евра веднаш и два ќе бидат исплатени како бонуси.

Она што е неверојатно е начинот на кој самиот фудбалер дознал за неговиот трансфер. Тој тргнал со екипата на гостување и воопшто не знаел дека Бока ја прифатила понудата за него.

Вилмар дури стигна и да се качи во автобусот за да отпатува на гостувањето, а кога влегол веројатно и тоа како бил изненаден – му кажале дека е продаден!

Така место на натпревар со Сан Мартин се упатил на аеродромот на лет за Русија.

Овој момент бил забележан и од страна на камерите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Англиските гиганти се „тепаат“ за Керкез

Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул се силно заинтересирани и ќе водат голема битка за ѕв…