Новата ѕвезда на Челзи, Кристофер Нкунку, имаше операција на коленото и ќе биде надвор од терените неколку месеци, потврдија од клубот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Нкунку на пријателските мечеви се покажа како големо засилување за „сините“, но се повреди на дуелот со Борусија Дортмунд во САД, па ќе мора да паузира околу 4 месеци.
Ова е голем удар за Челзи, бидејќи Нкунку беше најголемо засилување кое пристигна ова лето.
„Не можам никого да обвинам. Кристофер едноставно немаше среќа“, изјави менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино.