Дома Фудбал Малдини спремен да остане во Милан, но под неколку услови

Малдини спремен да остане во Милан, но под неколку услови

Откако неговиот најблизок соработник, Ѕвонимир Бобан доби отказ силно се шпекулираше дека и Паоло Малдини ќе го напушти клубот.

Во меѓувреме првенството е стопирано, Малдини се бореше со коронавирусот, па сега е време да се реши иднината на легендата на клубот.

Малдини јасно му порачал на раководството на клубот дека е подготвен да остане во Милан само под одредени услови, а тоа е дека ќе има гаранција за учество во трансферната политика, како и да биде консултиран за секоја одлука во врска со новиот тренер на клубот.

Познато е дека проблемите настанаа откако извршниот доректор Иван Газидис започна преговори со Ралф Рагник за нов тренер.

Сопствениците на клубот сакаат да го задржат Малдини и се спремни да му ги исполнат барањата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул следи дефанзивец од 100 милиони евра, но неговиот сон е Реал

Лука Вушковиќ е на списокот на Ливерпул за следното лето. Брајтон го има под договор до 20…