Дома Трансфер зона Малдини призна, Милан ја сака ѕвездата на Марсеј

Малдини призна, Милан ја сака ѕвездата на Марсеј

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е на добар пат да го обезбеди потписот на ѕвездата на Марсеј.

Станува збор за Флоријан Таувин, кој одби да го продолжи договорот со Марсеј и веќе започнал преговори со „росонерите“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За него интерес покажуваа клубови од Премиер лигата како и Севиља, но медиумите тврдат дека Милан е во пол-позиција.

„Туавин е играч кој на лето ќе биде слободен агент и е интересен за нас. Потребен ни е профил на искусен и квалитетен играч и ја следиме ситуацијата“, потврди Малдини.

Со оглед дека неговиот договор завршува на крајот на сезоната, Милан ќе му понуди на францускиот клуб симболична сума за да го донесе уште во јануари, во спротивно Французинот ќе пристигне на „Сан Сиро“ без обештетување.

Коментари
  • Баерн Минхен тргнува по ѕвездата на Марсеј

    Баерн Минхен покажува сериозен интрес за ѕвездата на Марсеј и француски репрезентативец, Ф…
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…