Дома Фудбал Малдини: Освоив многу, но сум најголем губитник во историјата

Малдини: Освоив многу, но сум најголем губитник во историјата

Легендарниот дефанзивец на Милан, Паоло Малдини имаше интересен разговор преку Инстаграм со Кристиан Виери.

Малдини имаше импресивна фудбалска кариера и е еден од најтрофејните фудбалери во историјата со 26 освоени трофеи од кои дури 5 во Лигата на шампиони.

Сепак, Малдини се нареше „најголем губитник во историјата“, бидејќи во текот на кариерата загуби многу финалиња.

„Вистина е дека освоив многу трофеи, но имав и многу болни порази. Всушност јас сум најголем губитник во историјата. Изгубив три финалиња во Лига на шампиони, еден УЕФА Суперкуп, три финалиња во Интернационалниот Куп, финале на Мундијал, финале на Европско првенство“, истакна Малдини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул следи дефанзивец од 100 милиони евра, но неговиот сон е Реал

Лука Вушковиќ е на списокот на Ливерпул за следното лето. Брајтон го има под договор до 20…