Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ова лето пристигна во Наполи и веќе после неколку натпревари ја воодушеви Италија и покажа дека станува збор за еден од најголемите таленти во Европа.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, директорите на Милан Паоло Малдини и Звонимир Бобан се одушевени од настапите на македонскиот репрезентативец и им е прва трансфер желба уште во јануарскиот период.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Миланезите“ исто така се во фаза на реорганизација на тимот, сакаат да доведат млади и талентирани играчи па во Елмас гледаат идеаелн профил.
Според најавите, Милан е подготвен да издвои 30 милиони евра за да го добие потписот на Елмас, сума која е двојно повисока од таа која Наполи ја плати за трансферот од Фенербахче.
Сепак, последниот збор сигурно ќе го има Наполи, кој тешко дека ќе се откаже од својот „дијамант“