Дома Фудбал Маки за Анчелоти: Рела без Бензема во клучниот дел од сезоната?

Маки за Анчелоти: Рела без Бензема во клучниот дел од сезоната?

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема има проблеми со повреда пред натпреварот во Ла Лига со Еспањол.

Ситуацијата кај „кралевите“ во овој момент не е идеална иако се на чекор од пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Проблеми имаат во домашното првенство каде што Барселона има предност од девет бода, а во првиот натпревар од шпанскиот куп изгубија исто така од Барселона со 1:0.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во моментите кога сезоната се одлучуа Анчелоти има кадровски проблеми и тоа сериозно, ако имаме предвид разликата која ја прави Бензема. Без Французинот нападот наРеал не е ист, а сега ќе мора да го пропушти и саботниот натпревар против Еспањол, пренесува новинарот Еду Агире.

Денес ќе бидат направени некои испитувања за да се утврди неговата состојба, а Реал без него може да биде и во реваншот против Ливерпул кој ја подигна формата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…