Дома Фудбал Останато Макелеле раскажа како бил избркан од Реал поради Бекам

Макелеле раскажа како бил избркан од Реал поради Бекам

Клод Макелеле е еден од поомилените играчи низ историјата, тој во Реал Мадрид се задржа ти години.

Летото 2003 година Макелеле направи трансфер од Реал во Челзи и неговото доведување се покажа како полн погодок за „сините“.  Макелеле сега откри како дошло до тоа да си замине од Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Имав желба да останам и да потпишам нов дговор. Мојот агент разговараше со Флорентино Перез, меѓутоа ни беше кажано дека откако клубот го купи Бекам нема пари. Разговарав и со Дел Боске (беше тренер на Реал во тоа време) му кажав дека Перез ми вети некои работи и сега зборува нешто друго. Дел Боске ми одговори дека ќе види што може да направи. И навистина тој отиде кај Флорентино и му кажа: „Поправете ја ситуацијата со Клод, тој е многу важен за нас кога тој не игра имаме проблеми во средината“. Дел Боске се држеше до својата приказна му објаснуваше и дека можам да бидам лидер во соболекувалната, но Перез не му веруваше“.

Потоа Макелеле имал средба со спортскиот директо Хорхе Валдано.

„Валдано дојде и неговиот однос воопшто не беше добар, немаше почит. Дојде и агрисивно ми кажа: „Што се замислуваш ти. Во Реал треба да играш бесплатно, а не да правиш проблеми“. Тогаш ми порача и дека ако сакам да заминам да најдам клуб кој за мене ќе плати 15 милиони евра. Пет клуба испратија понуда до Реал, јас ја избрав онаа на Челзи“, раскажа Макелеле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Бомба“: Леао за 120 милиони во Премиер лигата

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваа…