Дома Фудбал Останато Макелеле во една прилика го предупредил Роналдињо: Ќе ме дриблаш со почит!

Макелеле во една прилика го предупредил Роналдињо: Ќе ме дриблаш со почит!

makelele

Клод Макелеле беше еден од најдобрите дефанзивни играчи за врска на сите времиња.

Повозрасните љубители на фудбалот знаат дека овој Французин е прототип на фудбалер кој денес е неопходен за секој тим кој сака да направи нешто големо.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Челзи и Пари Сен Жермен, денес е тренер на белгискиот Еупен.

Макелеле сега раскажа една анегдота поврзана со Роналдињо со кој се сретнал осум пати во кариерата.

Французинот добро знаел како игра волшебниот Бразилец и што може да направи. После еден дриблинг Французинот му се обратил на Роналдињо со зборовите:

„Мали, очекувам да ме дриблаш со почит! Нема да ги толерирам твоите трикови од Плејстејшн. Ќе бидеш изнесен на носилки ако се обидеш тоа да го правиш против мене“, му кажал Макеле на Роналдињо.

На прашањето како Бразилецот реагирал, освојувачот на светското сребро со Франција во 2006 година одговори:

„Како ми одговори на тие мои зборови? Како голем фудбалер – со почит. Ми ја даде топката и ме замоли да му простам“, одговори Макелеле.

Макелеле дриблинзите на Роналдињо ги опиша како мачење на противниците и додаде дека сите одбранбени играчи стравувале кога морале да го чуваат него. Овој легендарен Французин во својата кариера го носеше дресот на: Нант, Марсеј, Селта Виго, Реал Мадрид, Челзи и Пари Сен Жермен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…