Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонските фудбалски надежи поразени од Австрија и во втората контролка

Македонските фудбалски надежи поразени од Австрија и во втората контролка

Младата репрезентација на Македонија до 16 години загуби со 2:0 од соодветната селекција на Австрија на гостински терен во рамките на вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции.

Македонија може да жали за конечниот исход на оваа средба, со оглед на многуте пропуштени шанси за погодок. Избраниците на селекторот Раде Каранфилоски беа подобриот противник во текот на целиот натпревар, но на крајот со наведнати глави го напуштија теренот. Противникот го искористи нашето невнимание во одбраната и успеа на крајот да слави победа. 


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во првиот дел, Петар Крстевски ја имаше најдобрата прилика за Македонија, се најде во одлична ситуација еден на еден со противничкиот голман, но не успеа да погоди.

Бленди Ганиу ја имаше втората извонредна прилика за нашите фудбалери, упати одличен удар, но голманот на Австрија фантастично интервенираше и спаси чист погодок.

Во второто полувреме, продолживме да пристискаме и да создаваме шанси, но реализација немавме. Австрија постигна два погодоци, искористувајќи ги нашите грешки во  одбраната. Во 46. минута Добис погоди за 1:0. Екереокосу во 74. минута ги постави конечните 2:0.

На првиот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции, Австрија забележа победа со идентичен резултат како втората контролна пресметка 2:0.

МАКЕДОНИЈА: Оливер Марковски, Матео Кесиќ, Ристе Стоилов, Ненад Дамјановски, Стефан Бранковски, Александар Грашески, Лорент Жаку, Александар Трајков, Мартин Џангаровски, Петар Крстевски, Дамјан Буцевски;

Селектор: Раде Каранфилоски;

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Столе Димитриевски спремен да преговара за трансфер во Саудиска Арабија?

Maкедонскиот голман Столе Димитриевски според информациите на дел од медиумите има понуда …