Тимот на Будуќност неодамна остана без тренер откако отказ во клубот заработи Миодраг Ѓудовиќ, а него би можел да го наследи македонски стратег.
Имено, Виктор Треневски кој пред само неколку дена го напушти тимот на Деќиќ е еден од најсериозните кандидати за клупата на Будуќност, пренесуваат црногорските медиуми.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Требевски иначе во Македонија како тренер помина само една година каде што во сезоната 2016/2017 го предводеше тимот на Работнички.
Интересно за него е што во ниту еден клуб каде што работеше не се задржа повеќе од една сезоната.
Како играч во нашата држава го носеше дресот на Силекс и Пелистер.