Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонскиот дрес еден од најубавите во историјата на ЕП

Македонскиот дрес еден од најубавите во историјата на ЕП

Познатиот фудбалски магазин „Фор Фор Ту“, објави листа од топ 10 дресови на Европските првенства, а на неа е и македонската репрезентација која се најде на високото петто место.

Нашиот дрес дизајнираното сонце преку црвената позадина  е еден од најубавите во историјата на европските првенства, односно на високото 5-то место.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Знамето на Македонија со светло жолто сонце и зрази на црвена позадина е едно од најлудите во светот, така што беше сосема правилно што фудбалската репрезентација повеќе од суптилно го аплицираше на нивниот дрес на ЕВРОП 2020, нивното деби на турнирите. Германскиот бренд „Јако“ никогаш нема да биде најкул производител на дресови, но никој не им го одзема овој брилијантен дрес кој на себе го носеше најголемиот играч на Македонија, Горан Пандев“, стои во написот за нашиот дрес.

За најдобар дрес е прогласен дресот на Холандија од Европското првенство во 1988 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар се засили со дефанзивецот Пинтер

Вардар започна со засилувања за пролетниот дел од сезоната. Нов играч на најтрофејниот мак…