Дома Топ вести Македонскиот „вундеркинд“ на мета на европските гиганти!

Македонскиот „вундеркинд“ на мета на европските гиганти!

Македонскиот талент Елиф Елмас оваа сезона блеска во дресот на Фенербахче, а вечерва за прв пат ќе настапи во едно европско натпреварување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, турскиот гигант му гостува на Динамо Загреб во рамките на Лига Европа, а тоа ќе биде можност македонскиот „бисер“ да ги покаже своите квалитети на европска сцена.

Добрите настапи на Елмас за Фенербахче не останаа незабележани, па турските медиуми пренесуваат дека вечерва скаути на Манчестер Сити и Борусија Дортмунд ќе го следат настапот на 18-годишниот фудбалер.

Покрај споменатите клубови и Рома, Бенфика, Атлетико Мадрид Лион и Спартак Москва постојано ги следат настапите на Елмас, кој минатиот викенд своите одлични партии ги круниса со прекрасен гол за победа над Коњаспор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер не завршува со Џонс како засилување, сакаат и крило на Арсенал!

Интер има за цел да остане на самото врв на Италија, но и напад на Лигата на шампионите, и…