Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонија Ѓорче Петров се засили со поранешен младински репрезентативец на Србија

Македонија Ѓорче Петров се засили со поранешен младински репрезентативец на Србија

Србинот Вања Вукчевиќ е најновото засилување за Македонија Ѓорче Петров, седмо во овој преоден рок.

Станува збор за фудбалер кој потекнува од школата на Црвена Звезда и беше дел од првиот тим на црвено-белите. Покрај Звезда настапуваше уште за Борац, Чачак, Спартак Суботица, Сингелиќ, Инџија, Збездата, Телеоптик и Самара од Русија.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Член беше и на младинските селекции на Србија до 17, 18 и 19 години.

„„Драго ми е што доаѓам во овој клуб и се надевам дека со своите игри ќе успеам да помогнам за Македонија ЃП да дојде до својата цел“, изјави новиот напаѓач на „лавовите“.

Фахрудин Ѓурѓевиќ, Емир Скендери, Христијан Пецов, Бојан Илиевски, Александар Ѓорѓиески, Џон Мена и Фисник Зука се играчите кои претходно пристигнаа во Ѓорче.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија направи чекор назад на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација на најновата ФИФА ранг листа која ќе биде објавена н…