Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонија Ѓорче Петров се жали на недосуден пенал против Брегалница

Македонија Ѓорче Петров се жали на недосуден пенал против Брегалница

Македонија Ѓорче Петров викендов во рамките од четвртото коло во ПМФЛ претрпе минимален пораз од 1:0 во натпреварот против Брегалница.

Од Ѓорче сега објавија соопштение во кое се жалат за недосуден пенал на оваа средба. Нивната реакција ви ја пренесуваме во целост:


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Во врска со вчерашниот натпревар и анализа на судиската организација, ние мораме да реагираме и да го искажеме нишиот став, а тоа дека судиската организација мора да биде реална и да ја признае својата грешката за која ние како клуб сме сигурни дека не е со намера да се наштети.

Правилото е јасно дека и линијата е составен дел од казнениот простор и направен прекршок на линија е пенал.

Не бараме алиби во судиски грешки и не се правдаме за лошата игра против ФК Брегалница“, стои во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Форца 2015 е освојувачот на футсал Купот на Македонија

Форца 2015 е освојувач на Купот на Македонија во футсал, по издвојуваната победа над тимот…