Дома Македонски спорт Македонија У21: Слаба игра и пораз од Србија

Македонија У21: Слаба игра и пораз од Србија

Репрезентацијата на Македонија до 21 години беше поразена на гостувањето кај Србија со 2:1 во рамките од квалификациите за Европското првенство.

Денес избраниците на Драган Канатларовски прикажаа игра која беше далеку под потребното ниво, посебно во првото полувреме. Домаќинот денес беше подобар и заслужено победи користејќи ги нашите грешки во одбраната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Србија до водство стигна од првата посериозна прилика кога од еден корнер во осмата минута Ераковиќ остана сам на втората статива и ја смести топката во мрежата. Во првото полувреме не создадовме ниту една посериозна шанса за гол, а Денковски со две одлични интервенции го одржуваше резултат 1:0.

Во вториот гол тргнавме поофанзивно кон противничкиот гол, но не беше доволно, одново изостануваа оние 100% прилики, тешко одеше креирањето шанси, бевме некако без идеја. Србија до крајот преку Јовиќ зголеми на 2:0, а ние во финишот постигнавме гол преку Димоски за конечни 2:1.

СОСТАВИ:

СРБИЈА: Гордиќ Роган, Ивезиќ, Ераковиќ, Каменовиќ, Митровиќ (Јовиќ 68), Терзиќ (Гордиќ 67), Пантовиќ, Илиќ, Тедиќ (Миловановиќ 80)

МАКЕДОНИЈА: Денковски, Хајдари, Антовски, Исени, Манев, Воша (Максимов 80), Фазлагиќ, Ѓоргиевски (Рустемоски 66), Емини (Тодоровски 77), Шеји (Илиевски 66), Гроздановски (Димоски 78).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Реал и ПСЖ се „тепаат“ за големиот аргентински талент

Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за големиот аргентински талент на Ривер Плат…