Дома Македонски спорт Македонија со промени во составот против Гибралтар

Македонија со промени во составот против Гибралтар

Македонија мора брзо да се врати во ритам по катастрофалниот пораз од Грузија. Не се сеќаваме кога Македонија била така тешко поразена на домашен терен од еден противник, како што беше поразена од Грузија со 0:3. А ништо не наговестуваше на таков расплет на настаните, ниту пред мечот, ниту по првите 45 минути од првото полувреме кога беше 0:0.

Македонија ја контролираше играта во првиот дел, иако без посериозни шанси за гол. Сепак, во второто полувреме се случи целосен распад на системот. Прв, втор и трет гол за Грузија за тешки 0:3.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со тој пораз се ставивме во тешка ситуација во продолжение од Лигата на Нации и скоро и да е невозоможно да очекуваме да дојдеме до првата позиција и место во баражот. За денешниот состав со Гибралтар се очекуваат промени во составот.

Трајковски и Елмас пред време го напуштија дуелот со Грузија поради повреди. Трајковски нема да настапи на овој меч со Гибралтар, додека настапот е на Елмас е под знак прашалник. Има ситна повреда и поверојатно е да се најде на клупата.

Ќе има освежувања и кај останатите фудбалери, па Милевски најави дека шанса ќе добијат и оние од списокот кои до сега не настапија на предходните три меча во серија. Шанса се очекува да добие Етеми кој игра во одлична форма за својот тим и обезбеди пласман во Супер лигата на Турција. Тој би требало да стартува на местото на Трајковски. Шанса за деби ќе добие и Фазлагиќ од Висла Краков кој долги години беше лидер во младинската селекција – ќе го замени Елмас, или можеби Спировски.

Бобан Николов веројатно ќе старетува од почеток, а можеби во средниот ред шанса од првата минута ќе добие и Бабунски.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…