Дома Македонски спорт Мак баскет Македонија не ја искористи првата „меч-топка“, пораз од Словачка во Левице

Македонија не ја искористи првата „меч-топка“, пораз од Словачка во Левице

Прв пораз на сениорите во групата „Д“, Словачка одигра подобро, стигна до трет квалификациски триумф (82:73)

Имавме само еден добар период на игра во првото полувреме. Оној во кој негативата на противникот ја претворивме во вишок од пет поени. Бевме во негатива од шест поени на полувремето. Уште подалеку од успех бевме на истекот на три четвртини.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На крајот, по 40 минути игра во Левице, Македонија го запиша првиот негативен резултат во вториот круг од претквалфикациите за пласман на Евробаскетот во 2025 година.  

Следната шанса да го потврдиме учеството во квалификациите за Европското првенство ќе ја имаме во недела навечер, во Осло против селекцијата на Норвешка.

Словачка имаше повеќе подобри моменти во првото полувреме. Домаќините први креираа посериозно водство (27:19), како што беше на почетокот на втпрата четвртина.

Но ние најдовме начин како да се вратиме назад во натпреварот во Левице. Периодот на наша најдобра игра го крунисавме со серија од (15-4), доволно да го преземеме водството, сосема солидно според случувањата на теренот (34:29).

Но тука некаде и застанавме, имавме лош финиш во првото полувреме кое Словаците го искористија да направат пресврт, и на одмор да имаат сосема солидни шест поени „вишок“ (44:38).

По паузата од 15 минути, доста неефеикасна игра на двете страни. Долго време на семафорот стоеше (46:42), по што уследи нова добра серија на Словачка. Со серија на тројки, домашната селекција предводени од шутерски расположениот Крајцовиќ, се одвои и на двоцифрена позитива, највисока (59:46).

Застанавме на само осум реализирани поени во тој трет период, во кој ниту Шортс не успеваше да го најде патот до противничкиот кош.

По поентирањето на Маловец, Словачка имаше уште повисоки (61:46).       

Не застанаа избраниците на селекторот Арамис Наглиќ, напротив…  Ги користеа максимално лошите минути во нашата огра, Изградија уште повисоко водство, од 21 поен (69:48).

Само неколку добри офанзивни минути на Ти-Џеј Шортс кој набрзина собра 17 поени, беа доволни да се доближиме на наизглед достижни (58:71).

По тројката на Крстевски бевме бслиску да ја направиме негативата на едноцифрена (64:75), кога останаа да се доиграат нецели три минути. 

„Долги“ за Словачка, ефикасни за Македонија, се во своите раце зеде Шортс, кој нè донесе и на достижен минус, (70:77). Имавме напад и за непто „поситна“ негатива. Не го реализираше Ѓуроски. На другата страна, тројка погоди Мајерчак, потоа две слободни фрлања и Бродзијански, за да потврдат победата, трета за Словачка во пет одиграни мечеви.   

Шортс застана на ефект од 23 поени, шест асистенции и три скока, Крстевски финишираше со 14 поени и пет скока, а Маслинко со 10 поени и пет скока.

Вечерва се игра и вториот натпревар од ова петто коло во групата „Д“. Во скандинавската пресметка, Данска ја дочекува Норвешка.        

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Мајами направи брејк и израмни во серијата против Бостон

Минатогодишниот финалист во НБА лигата, Мајами хит е третиот тим кој направи брејк во една…