Дома Фудбал Репрезентации Македонија не блескаше, но трите бода од Гибралтар се запишани!

Македонија не блескаше, но трите бода од Гибралтар се запишани!

Македонија денес го победи Гибралтар во рамките од второто коло во Лигата на Нации. Головите во победата од 0:2 ги постигнаа Енис Барди и Бобан Николов.

Започна Македонија да напаѓа од самиот почеток на натпреварот, прво му беше поништен гол на Ристовски, а потоа ја погоди пречката. Продолживме со офанзивната игра, но без некои посериозни прилики.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Гибралтар можеше да не изненади кога Муслиу одигра едно погрешно додавање. Еден од фудбалерите на Гибралтар ја пресече топката, излезе пред голот на Илиев, а за наша среќа беше непрецизен.

Набрзо по таа прилика на Гибралтар следуваше голот на Барди. Имаше Барди одличен соло продор во шеснаесетникот по кој ја смести топката во мрежата. После тој гол следуваше игра во која Македонија имаше поголем посед на топка, меѓутоа и не некои големи шанси за погодок.

Гибралтар знаеше да се закани на моменти, како што беше после еден слободен удар кога Илиев ја избоксува топката во корнер. Во таква игра без многу прилики Бобан Николов до крајот ги постави конечните 0:2 на шест минути до крајот на истекот на регуларните 90.

Следните два натпревари Македонија ги игра на домашен терен. Прво против Грузија во четврток од 20:45, а потоа в недела против Гибралтар од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

УЕФА жестоко ја казни Србија!

Европската фудбалска федерација (УЕФА) жестоко го казни Фудбалскиот сојуз на Србија. Србит…