Дома Македонски спорт Нека биде решавачка класата на Пандев – момци, „изгинете“ на терен за себе, за Гоче, за цела Македонија!

Нека биде решавачка класата на Пандев – момци, „изгинете“ на терен за себе, за Гоче, за цела Македонија!

Денес Македонија го игра историскиот бараж натпревар за пласман на Европското првенство против репрезентацијата на Косово.

И ние и Косово во овој натпревар влегуваме ослабени. Кај нас недостасува Елиф Елмас, додека во нивната селекција има поголеми проблеми. Косово не може да смета на своите најдобри играчи: Муричи, Рашица и капитенот Рахмани.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


На вчерашниот прес селекторот и капитенот Горан Пандев истакнаа дека натпреварот ќе го одлучуваат нијанси и сите се надеваме дека тие нијанси ќе бидат на наша страна.

Таа нијанса може да биде искуството и класата на Горан Пандев. Реално во Косово нема играч како Пандев, сите знаеме што може, еден негов потег може да биде доволен да се реши натпреварот. Плус е тоа што капитенот е максимално мотовиран.

„Сите гориме од желба да го добиеме овој натпревар, ако не беа емоциите јас немаше да бидам тука“, порача капитенот на прес-конференцијата пред мечот.

Дека има огромна желба да биде со Македонија тука и да помогне во овој историски бараж покажа и со тоа што направи се за да дојде во Скопје.

Желбата на Пандев треба да биде дополнителен мотив за сите останати да го дададат најдоброто од себе, па и повеќе од тоа. Пандев сака да игра на ЕП со Македонија и ова му е последна шанса за такво нешто. Затоа момци, „изгинете на терен“ денес ЗА СЕБЕ, ЗА ГОЧЕ, ЗА МАКЕДОНИЈА!

Пишува: Стефан Даскалов

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Лапорта договорил голем трансфер: Барселона добива засилување од Германија

Сè повеќе се шпекулира дека Барселона веќе го завршила својот прв трансфер за новата сезон…