Дома Македонски спорт Македонија игра, голови нема – Милевски мора да го пронајде новиот лидер!

Македонија игра, голови нема – Милевски мора да го пронајде новиот лидер!

Заврши септемврскиот циклус на квалификации, прв за новиот селектор Благоја Милевски, без пораз ама и без победа.

Дека Македонија игра фудбал, игра, но победите е она што се бројат, а за нив треба голови. Против Ерменија и Романија во Скопје гледавме два слични натпревари, со Романците можеби бевме нешто поконкретни.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Она што изостана е реализацијата, со Ерменија проблем беа и шансите затоа што имавме иницијатива, но без 100% прилики. Впечаток беше како играчите да не знаат што со топката кога ќе дојдат пред противничкиот гол. Немаше кој да даде завршен пас, кој да проигра, да пропушти топка кога треба, да заврши, да задржи…И сето ова асоцира на еден човек – фалеше Гранде Пандев!

Пандев повеќе не е во репрезентацијата и тоа е нешто со кое се соочуваме и нормално е никој не е вечен, Македонија мора да се навикне да игра без него тешко оди, меѓутоа мораме. Освежувањето кое го донесе Боби е забележително, меѓутоа мојот впечаток по овие три натпревари е дека негова главна задача ќе биде да го пронајде новиот лидер. Елмас вчера се издвојуваше, имаше и еден одличен соло продор, беше блиску до погодок…Дали така ќе продолжи ќе покаже времето, засега е „топло-ладно“ со неговата игра. Проблемите со напаѓачите и нивните голови беа проблем и претходно, ќе се потворуваме, меѓутоа е така, тогаш тука беше Горан да ја спаси ситуацијата.

Барди одигра одлично, против Исланд можеби беше и најдобриот. Командуваше со средниот ред и ги држеше конците, токму после неговата замена дојдоа двата гола на Исланѓаните. Да, можеби беа головите по индивудални грешки, посебно првиот ама за да дојде до тие индивуални грешки противникот треба да нападне, а тоа почна да се случува кога Барди беше заменет. Милевски на прашањето за неговата замена по тој натпревар одговори дека станувало збор за замор и ако е така нема што да се замери, едноставно тоа е тоа. Заморот ги стигнува фудбалерите во еден ваков исцрпувачки ритам.

Дефинитивно недостасуваше Арјан Адеми со него на средината и Барди веројатно добива поголема слобода да оди понапред, ќе видиме како ќе изгледа Македонија кога тој ќе биде на теренот. Треба да се спомене и Боби Николов кој во овој циклус одигра само во финишот против Романија. Беше неизвесен поради коронавирусот, не беше најдобро припремен, па поради тоа Милевски го остави на клупата во првите две средби.

Треба ли да се критикува?

Сигурно дека победите е тоа што се бара, каква и да е играта ако нема победи се е џабе. Тука ќе потсетам на изјава на Масимилијано Алегри од неговиот прв мандат во Јувентус. Во еден период Јувентус победуваше без да има игра, а на критиките Алегри одговори:

„Ова е фудбал, се бројат бодовите и победите, ако сакате забава одете во циркус…“. Кај нас е обратно, ги нема победите, а убавата игра е тука.

Но, од друга страна, Боби е тука три натпревари, дојде после споменатото заминување на човек како Пандев. Затоа дефинитивно не треба веднаш да се фрла со „дрва и камења“ по него, јавноста е незадоволна затоа што играме мундијалски квалификации и потребни се бодови, но промени некогаш мораат да се случат. Играта е тоа што дава надеж дека ќе дојдат и головите, а со нив и победите…Да почекаме!

Пишува: Стефан Даскалов

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…