Македонската е-спорт репрезентација во CS:GO го освои Светското првенство, откако славеше во финале против Монголија со 3-1.
Македонските е-спортисти се искачи на врвот во „кантер-страјк“ откако беа подобри во финалето кое се играше во Индонезија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Дел од шампионскиот тим беа Дамјан „kyxsan“ Стоилковски, Јане „aidKiT“ Апостолоски, Александар „CacaNito“ Ќулукоски, Даниел „dan1“ Глигоров, Павле „stYleEeZ“ Стојановски.
Ова е уште еден успех за македонската е-спорт репрезентација, па така сега тие се двоен европски и светски шампион.
Треба да потсетиме дека неодамна Македонија доби и светски првак во Dota 2, откако Мартин Саздов со неговиот тим триумфираше на „Интернешнл 11“.