Дома Фудбал Македонија до 19 години ремизираше на првата контролка со Турција

Македонија до 19 години ремизираше на првата контролка со Турција

Фудбалската репрезентација на Македонија денес го одигра првиот од двата контролни натпревари против Турција.

Денес на пријателскиот натпревар во Скопје ремизиравме 1:1. Момците на Дашмир Беари беа блиску до победа, но Бехар Фета не реализираше пенал. Единствениот гол на натпреварот го постигна Бесар Гуџуфи.

Составот со кој настапивме: Тасев, Кудев, Давков, Рамадани, Шаини, Фета, Ракипи, Крстевски, Елези, Тасески, Калкан.

Вториот натпревар со Турција го играме во понеделник на 11. октомври со почеток во 14:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Костадиновска и Бубевски со судиски задачи на европската кикбокс-сцена во Скопје

Елена Костадиновска и Никола Бубевски се меѓу судиите на Европското првенство во кикбокс в…