Дома Фудбал Репрезентации Македонија домаќин на квалификациски турнир за фудбалери до 17 години

Македонија домаќин на квалификациски турнир за фудбалери до 17 години

Младата репрезентација на Македонија до 17 години во Скопје, во периодот од 25 до 31 октомври, ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир (прва рунда) за пласман во следната елитна фаза квалификации за Европско првенство што ќе се одржи во Унгарија 2023.

Квалификациските мечеви ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во комплексот „Куќа на фудбалот” и стадионот на Македонија Ѓ.П.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Македонија се наоѓа во групата 19, заедно со селекциите на Франција, Исланд и Луксембург.

Во првото коло, Македонија за противник ја има селекцијата на Исланд. Натпреварот е закажан на 25 октомври со почеток во 14. часот, на тренинг центарот „Петар Милошевски”. Истиот ден, на стадионот на Македонија Ѓ.П., од 14. часот играат Франција и Луксембург.

Во рамките на второто коло, силите ќе ги одмериме против апсолутниот фаворит во групата, Франција. Дуелот против „галските петли” го играме на 28 октомври, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во 14. часот. Во вториот меч од второто коло, на стадионот во Ѓорче Петров играат Исланд и Луксембург.

Во последното коло, кое на програмата е на 31 октомври, Македонија игра со Луксембург (Тренинг центар „Петар Милошевски”), a Франција ќе се соочи со Исланд (стадион на Македонија Ѓ.П.). Мечевите започнуваат од 14. часот.

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 17 години, Вујадин Станојковиќ, за претстојниот квалификациски турнир, се одлучи да ги повика следните фудбалери:

Голмани: Славе Вргов (Академија Пандев), Натаниел Димовски (Пелистер), Амар Хаџибулиќ (Работнички);

Одбрана: Анес Мелиќи (Шкендија), Андреј Велков (Академија Пандев), Огнен Дејановски (Македонија Ѓ.П.), Никола Стојковски (Шкендија), Андреј Љубевски (Работнички), Фљакрон Мемиши (Шкендија);

Среден ред: Мартин Јовановиќ (Македонија Ѓ.П.), Нуман Ајетовиќ (Вардар), Мухамед Елмас (Работнички), Алдин Али (Винтертур, Швајцарија), Даниел Коцев (Работнички), Дарко Сековски (Вардар), Никола Манојлов (Работнички), Максимилиан Димитриевски (Борусија Минхенгладбах, Германија), Димитар Данев (Работнички);

Напад: Алтин Алији (Македонија Ѓ.П.), Аган Алиу (Шкупи), Стефан Младеновски (Црвена Звезда), Салим Арифи (Победа);

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

„Лудо“ дерби во Манчестер: „Ѓаволите“ со луд пресврт во две минути ја продолжија агонијата на Манчестер Сити! 🎥

Манчестер Јунајтед со луд пресврт во две минути славеше ппобеда во дербито со градскиот ри…