Фудбалската репрезентација на Македонија годината ќе ја заврши на 76-то место според најновата ФИФА ранг-листа.
Нашиот национален тим оваа календарска година напредуваше цели 86 места, најмногу од сите репрезентации.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Македонија 2017 година ја започна на 162-то место, а во март беше на 166-та позиција. Сепак, успешните резултати во наредните осум месеци, кога избраниците на Игор Ангеловски забележаа само еден пораз, од Шпанија, а одиграа нерешено со Италија и Албанија и го совладаа Израел, донесе рапиден скок на листата.
Инаку, на последната ФИФА-листа за 2017 година нема промени ниту меѓу првите десет. Германија е на првото место пред Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Шпанија, Полска, Швајцарија, Франција и Чиле.