Дома Македонски спорт Македонија во четвртиот барабан: Патот до ЕП 2024 може да биде екстремно тежок!

Македонија во четвртиот барабан: Патот до ЕП 2024 може да биде екстремно тежок!

Македонија

Македонската фудбалска репрезентација ждрепката за квалификациите за Европското првенство во Германија ќе ја чека од четвртиот барабан и ако се погледнат шеширите може да добие екстремно тежок пат до континенталниот собир.

Проблем е што Англија и Франција се најдоа во вториот барабан, па така со селекциите од првиот би можеле да добиеме и тоа како тешка група.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во нашиот барабан се: Грузија, Грција, Турција, Казахстан, Луксембург, Азербејџан, Косово, Бугарија, и Фарски Острови па нив не можеме да ги добиеме за противнции.

Од првиот шешир ако треба да бираме веројатно најпосакувана би била Полска, Унгарија не е атрактивна, но во последно време играат одличен фудбал. Од вториот тука посакувани противници ни се Израел, БиХ и Финска, против останатите тешко ќе се надигруваме.

Од третиот сигурно дека сакаме да ги избегнеме Норвешка, Ирска, Украина и Шведска. Петиот шешир не носи некој посебен квалитет, па така од таму веројатно проблем може да ни направат незгодните Словачка и Северна Ирска.

ПРВ БАРАБАН
Холандија, Хрватска, Шпанија, Италија, Данска, Португалија, Белгија, Унгарија, Швајцарија, Полска

ВТОР БАРАБАН
Франција, Австрија, Чешка, Англија, Велс, Израел, БиХ, Србија, Шкотска, Финска

ТРЕТ БАРАБАН
Украина, Исланд, Норвешка, Словенија, Ирска, Албанија, Црна Гора, Романија, Шведска, Ерменија

ЧЕТВРТИ БАРАБАН
Грузија, Грција, Турција, Казахстан, Луксембург, Азербејџан, Косово, Бугарија, Фарски Острови, Македонија

ПЕТТИ БАРАБАН
Словачка, Северна Ирска, Кипар, Белорусија, Литванија, Гибралтар, Естонија, Летонија, Молдавија, Малта

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…