Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Македонецот Јевтовски од Јапонија за „Спортски“: Никој не очекуваше, луѓето зрачат од среќа и задоволство!

Македонецот Јевтовски од Јапонија за „Спортски“: Никој не очекуваше, луѓето зрачат од среќа и задоволство!

Репрезентацијата на Јапонија е едно од најпријатните изненадувања на Светското првенство во Катар. Во група со Германија и Шпанија, Јапонците успеаа да бидат првопласирани и да обезбедат осминафинале. Токму во моментите на големиот успех во земјата на „Самураите“ е македонскиот фудбалер, Стефан Јевтовски.

Во овој момент Јевтовски е фудбалер на Ујпешт од Унгарија, а паузата поради Светското првенство ја користи да ужива во убавините на Јапонија. Во изјава за „Спортски“ Стефан кратко ни опиша како Јапонците го доживуваат овој триумф.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Секако дека се чувствува еуфорија. Натпреварот тука се играше во 04:00 часот наутро и веднаш по завршувањето се славеше на улиците и плоштадите. Не е мала работа да бидете први во група со Германија и Шпанија. Од луѓето зрачи среќа и задовлство“, ни изјави Јевтовски.

Сепак, оптимизмот не бил толку голем пред натпреварот. Јапонија ја победи Германија, но потоа следуваше непријатно изненадување од Костарика.

„Мислам дека луѓето беа повеќе разочарани после поразот од Костарика, никој не очекуваше дека можат да победат против Шпанија“, одговори македонскиот фудбалер.

Кариерата Јевтовски ја започна во Металург, а подоцна го носеше дресот уште на Локомотив Пловдив, Арсенал Киев, Вараждин и Работнички.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Клоп: Многу ми е жал. Се извинувам

Ливерпул претрпе голем удар за шампионските амбиции. Во градското дерби тој беше поразен о…