Дома Останати Кошарка Македонецот Кочов од земјата на светските шампиони: Германија имаше НБА напад и „југословенска“ одбрана

Македонецот Кочов од земјата на светските шампиони: Германија имаше НБА напад и „југословенска“ одбрана

Германија пред два дена стана нов светски шампион во кошарка откако во финалето ја совладаа Србија. Германците одиграа перфектен турнир на кој победија во сите натпревари и сосема заслужено се искачија на светскиот трон.

Во земјата на светските шампиони подолг период работи екс-тренерот на МЗТ Скопје, Македонецот Ѓорѓи Кочов со кого разговаравме по повод големиот успех за германската кошарка.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кочов работи како помошник тренер во германскиот бундеслигаш, Кемниц.

Се очекуваше ли ваков успех во Германија пред почетокот на првенството?

„Мислам дека Германија со сите анализи пред Светското првенство беше една од главните кандидати за освојувањето на првенство. Германија се подготвуваше долго време за ова првенство“.

Што според тебе беше клучно во играта на Германија?

„Клучна во играта на Германија беше тимската игра, селекцијата на играчи со одличен спејсинг кој најчесто доаѓаше после „paint touch“. Играа одлична и модерна кошарка. Би кажал имаа НБА напад и „југословенска одбрана“.

Колку има влијание системот на домашната кошарка?

„Системот на организација на клубовите е предуслов за успех, се започнува со организација и системско работење“.

,Работевте и во Македонија, па можете и да споредите – колку сме далеку во овој момент ние од системот по кој се игра и работи во Германија?

„Македонија има талент и потенцијал меѓутоа мислам дека клубовите мораат да се стремат кон поголем професионализам. Ме радува тоа како некои клубови работат и гледаат да бидат подобри, тоа е клучот сите мораат да придонесат за подобри услови во кошарката. Клубовите создаваат играчи кои создаваат и репрезентација“

Кој репрезентативец на Германија би го издвоиле како лидер на тимот?

Шродер е лидер дефинтивно, но имаат уште многумина кошаркари кои имаат лидерски способности“

Фото: Niners Chemnitz

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Барселона сака да си го врати Олмо

Барселона е силно заинтересирана да го врати Дани Олмо во своите редови, пренесуваат шпанс…