Македонецот, Емил Рајковиќ вторпат во својата кариера е прогласен за тренер на сезоната во регионалната ВТБ лига.
Рајковиќ признанието го доби пред вчерашниот натпревар во полуфиналната серија против Локомотив Кубан кој неговиот тим го загуби со 83:84.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со ЦСКА, Рајковиќ собори дури пет рекорди: Најдобар старт на сезоната (24-0), најдолга низа победи (24), 30 победи во основниот дел од сезоната (30), 14 натпревари со 100 или повеќе поени и најдобар напад во историјата со просек од 95,6 поени по натпревар.
Во регуларниот дел од првенството ЦСКА стигна до 30 победи во 32 натпревари, додека во првата рунда од плеј-офот го елиминираа Саратов со 3:0.
Треба да се истакне дека Рајковиќ е само втор тренер во историјата на ВТБ лигата кој повеќе од еднаш бил тренер на сезоната, рекордер со четири сезони е Димитрис Итудис. Рајковиќ ова признание претходно го доби во 2019-та година.