Со вечерашните натпревари помеѓу Англија – Белгија и Панама – Тунис беше ставено крај на групната фаза од Мундијалот.
Беше интересно да се види како ќе реагираат фудбалерите Англија и Белгија бидејќи поразот гледајќи ја конечната цел на Мундијалот беше подобра опција, обезбедуваше место во условно кажано полесниот дел од костурот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На крајот во натпревар во кој не видовме премногу шанси до победа стигна селекцијата на Белгија со прекрасниот гол на Аднан Јанузај.
Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи во 51 минута кога после додавањето од Тилеманс, Јанузај упати одличен удар кон голот на Пикфорд и успеа да го совлада.
Освен погодокот на Јанузај, најинтересниот момент на средбата го направи Мичу Батшуаи при прославата на погодокот. Дополнителен коментар не е потребен. Погледнете…
Goal of the tournament……
HAHAHA I LOVE THE #WorldCup man…..
BATSHUAYI ??? pic.twitter.com/ol0o8e8Cem
— Castro1021 (@Castro1021) June 28, 2018
Во вториот натпревар помеѓу селекциите кои ги загубија своите шанси славеше, Панама и Тунис, славеше Тунис со 1:2.
Панамците први стигнаа до предност со автоголот на Мериах во 33 минута, Тунис до пресврт стигна во вториот дел со головите на Бен Јусеф и Казири во 51 и 66 минута.
Во осминафиналето Белгија ќе оди на натпревар против Јапонија, додека Англија ќе се сретне со селекцијата на Колумбија. Но, потоа во случај Белгиците да ги елиминираат Колумбијците одат на Бразил или Мексико, додека Англија во случај на пласман во четвртфиналето ќе игра против Шведска или Швајцарија.