Дома Фудбал Останато Мадрид удри по Бејл: Дали Велшанецот лажира повреди во Реал?

Мадрид удри по Бејл: Дали Велшанецот лажира повреди во Реал?

bale

Во последните пет години ситуацијата се повторува, последната е нешто што веќе видовме и поради што Зидан го отпиша.

Шпанците се лути на Герет Бејл. Поточно, мадридските медиуми и упатија жестоки критики кон Велшанецот поради нешто што често се повторува – се жали на повреда во Реал, а потоа оди да игра за Велс.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во Реал за нешто повеќе од пет години доживеа 20 повреди и сите тренери имаа проблем да го сфатат неговото однесување. Последен во низата е Лопетеги. Бејл беше повреден, иако тестовите го покажаа спротивното за натпреварот против ЦСКА, против Алавеш побара замена, под изговор дека го боли мускулот, но отпатува во татковината и сака да игра против Шпанија.

Од друга страна Реал бара од Гигс да го изостави за пријателскиот натпревар, се согласуваат да игра против Ирците во Лигата на Нации.

bale

Но, тоа не е ништо ново. Велшанецот имаше проблем кога беше купен со Анчелоти на клупата. Тогаш не толку со повредите колку што Италијанецот не можеше да го натера Бејл да игра одбрана. Бејл се бранеше дека така повеќе се троши и има поголеми шанси да биде повреден. Анчелоти поради таквото однесување го стави на клупата за резерви.

Бенитез сакаше да гради тим околу Бејл, но не издржа долго, а Зидан немаше милост. Кога Бејл ќе се пожалеше на повреда, а потоа играше за Велс, тој го елиминираше од тимот, дури и тренираше одвоено, се зборува дека тогаш Зидан верувал дека Бејл сака да се чува за ЕП во 2016 година.

Потоа повеќе ништо не беше исто, дури Зидан го убедуваше Перез да го продаде Бејл во летото 2017 година и да го доведе Мбапе. Французинот го оставаше Бејл на клупата во важните натпревари, а Велшанецот одлучи да остане, откако Зидан си замина.

Но, такви проблеми продолжуваат и со Лопетеги…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ништо од Милан: Лопетеги се врати во Премиер лигата

Хилиен Лопетеги се поврзуваше со Милан, но на крајот се врати во Премиер лигата, Шпанскиот…