На два месеци пред почетокот на Мастерсот во Мадрид, главниот град на Шпанија е исполнет со плакати со ликот на најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ ги освои шпанските навивачи, а за тоа доказ е најновата фотографијата која ни доаѓа од престолнината на Шпанија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Турнирот во Мадрид се игра во период од 26 април до 8 мај, а тоа треба да биде јубилејно 20. издание на турнирот во Шпанија.
Турнирот до 2008 година се играше во затворено на тврда подлога, а од 2009 година премина на отворени терени со земја, кога го презема местото на Хамбург во Мастерс серијата.
Ѓоковиќ славеше трипати, исто како и Роџер Федерер, а рекордер е Рафаел Надал со пет освоени трофеи.
Неодамна и градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез Алмеида потврди дека Ѓоковиќ ќе биде пречекан во градот без разлика дали е вакциниран или не.