Дома Топ вести Мадридско дерби: Зидан е под притисок, Симеоне пред неверојатна можност

Мадридско дерби: Зидан е под притисок, Симеоне пред неверојатна можност

Една од најочекуваните средби во календарот на Ла Лига ќе се одигра на стадионот „Алфредо ди Стефано“ во сабота навечер, кога Реал Мадрид го пречекува главниот ривал од главниот град на Шпанија, Атлетико Мадрид.

Домаќините во моментов се четврти во Шпанија, со шест бода помалку од лидерот Атлетико, кој исто така има и натпревар помалку.

Симеоне пред неверојатна шанса сезонава


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Атлетико е неверојатен сезонава и веќе има многу поголеми амбиции од оние планираните пред стартот на сезоната. Симеоне е свесен дека на Реал и Барса не им оди најдобро. Знае и дека Сосиедат и Виљареал кои се на второто, односно третото место нема да можат да одиграат на исто високо ниво ела сезона и токму во овие причини ја гледа шансата за титулата во Ла Лига.

Тимот на Симеоне забележа седум победи во низа, вклучувајќи ја и победата над Барселона со 1:0 на „Ванда Метрополитано“ на 21-ви ноември. Импресивно е тпа што Атлетико ги освои последните четири меча во лигата без да прими гол, а тоа е индикација за нивните можности сезонава.

Атлетико има само еден бод повеќе од второпласираниот Реал Сосиедад, но имаат два натпревари помалку од клубот од Баскија.

Атлетико последен пат загуби во Ла Лига токму од Реал, но тој пораз се случи речиси пред една година кога на 1-ви Февруари Реал славеше на домашен терен со 1:0. Тоа е уште еден приказ за одличните игри на Атлетико кој како да заборави да губи.

Екипата на Симеоне има четири првенствени натпревари од сега до крајот на годината, домаќин е на Елче следниот викенд пред тешкото патување кај Сосиедад на 22-ри декември. Атлетико потоа ќе ја заврши 2020 година на домашен терен кај Хетафе. Мислам дека после овие четири меча, веќе ќе имаме многу појасна слика околу прашањето колку Атлетико е спремен да ја освои ла Лига.

Притисокот врз Реал и Зидан не се намалува

Реал Мадрид е без пораз против Атлетико во лигата од февруари 2016 година. Лос Бланкос нема да ја освои или изгуби титулата викендов, но пораз би го оставил Атлетико полн со самодоверба и во многу силна позиција на табелата.

Имаше голем притисок врз Реал Мадрид и Зинедин Зидан кога шпанскиот шампион загуби од Алавес и Шајхтор Доњецк на 28-ми ноември и на 1-ви декември.

Во таа фаза, Лос Бланкос губеше во лигата и исто така беше во опасност да биде елиминиран од групната фаза во Лигата на шампионите, што ќе беше катастрофа за клубот.

Тимот на Зидан минатиот викенд успеа да извојува огромна победа од 0:1 на гостувањето кај Севиља, пред да забележи победа од 2:0 против Борусија Менхенгладбах во Лигата на шампионите во средата вечерта за да се осигура дека тие ќе бидат присутни во следната фаза од европското елитно натпреварување.

Реал Мадрид сега може целосно да се концентрира на прашањата во лигата, а епилогот од шест победи, две нерешени средби и три порази од 11 натпревари сезонава веќе мора да го поправа. Ова е исклучително важен меч за нив и очекувам дека момците на Зидан ќе се однесуваат во склад на оа на теренот.

Наш предлог:

Натпреварот да заврши нерешено @ 3.30 во 1хBet

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Англија ја победи Србија, но не прикажа шампионска игра 🎥

Репрезентацијата на Англија ја победи Србија во последниот натпревар од денешната програма…