Дома Фудбал Италија Магичниот прием на Дибала против Фросиноне својствен за најголемите фудбалски мајстори (ВИДЕО)

Магичниот прием на Дибала против Фросиноне својствен за најголемите фудбалски мајстори (ВИДЕО)

Фудбалерите на Јувентус вчеравечер запишаа рутинска победа во натпреварот од 24-тото коло во Серија А против аутсајдерот Фросиноне.

Откако во минатото коло на гости го победија Сасуоло со 3:0, со истиот резултат Јувентус славеше и против Фросиноне.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Навивачите на „старата дама“ посебно се задоволни од натпреварот кој го одигра Паоло Дибала кој конечно доби шанса од првата минута.

Местото во стартниот состав Аргентинецот го искористи на најдобар начин и уште во шестата минута постигна фантастичен погодок после додавањето од Кристиано Роналдо. Дибала испрати супер прецизен удар од дваесетина метри.

Во таа прилика следуваше и прославата на погодокот заедно со Роналдо која брзо стана хит во Италија. Тогаш Португалецот и Аргентинецот прославија со заштитниот знак на Дибала.

Ова практично беше порака до сите оние кои сметаа дека Дибала и Роналдо немаат пријателски однос.

Аргентинската ѕвезда беше расположена во текот на целиот натпревар и често пати правеше потези со кои си поигруваше со противничките фудбалери.

Дибала освоен со погодокот посебо се истакна со чудесниот прием на топката на дваесетина минути пред крајот на топката.

Блез Матуиди од левата страна испрати една долга топка до Дибала кој на начин својстен за најголемите фудбалски мајстори успеа да ја смири топката.

Дефинитивно ваквиот настап на Дибала ги радува навивачите на Јувентус пред средбата со Атлетико Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Покажете му*а“ – навивачите на Милан бесни по елиминацијата!

Рома беше подобра од Милан и се пласираше во полуфиналето на Лига Европа, а навивачите на …