Дома Фудбал Магичниот Меси: Никогаш го немам тоа доживеано во кариерата

Магичниот Меси: Никогаш го немам тоа доживеано во кариерата

Нов хет-трик во својата кариера синоќа запиша феноменалниот Аргентинец Лео Меси. Барселона со 4:1 го совлада Бетис, а Меси беше брилијантен.

Постигна два прекрасни погодоци, заработи овации од домашните навивачи, и покажа дека оној ден кога ќе ја заврши кариерата многу фудбалски љубители ќе бидат во тага.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Атлетико Мадрид запиша пораз кај Билбао во ова коло, што им даде уште повеќе желба за победа на Каталонците.

„Не можевме лошо да одигравме после нивниот пораз. Запишавме важна победа. Ги искористивме своите шанси и заслужено славевме.“ – изјави Меси после натпреварот.

Отворената игра им помогна на Меси и соиграчите.

„Тоа е екипа која игра добро со топката, но не бевме загрозени ниту во еден момент. Бевме квалитетно организирани и тоа се виде. Се адаптиравме добро и бевме спремни.“

Лео од навивачите на Бетис заработи овации. Тоа ретко се случува во денешниот фудбал, но Аргентинецот е посебен. Многумина велат од друга планета.

„Никогаш го немам тоа доживеано во кариерата. Им благодарам на навивачите на Бетис. Морам да признаам дека секогаш добро ме примаат без оглед што сме противници.“ – додаде Меси.

Барселона сега на своето конто има 66 освоени бода, Атлетико е втор со 56, а Реал трет со 54.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Покажете му*а“ – навивачите на Милан бесни по елиминацијата!

Рома беше подобра од Милан и се пласираше во полуфиналето на Лига Европа, а навивачите на …