Реномираниот француски медиум „Л’Eкип“ пишува дека Пол Погба им се доверил на соиграчите од Манчестер Јунајтед дека сака да си замине.
Погба веќе долго време се поврзува со можно заминување од „Олд Трафорд“, посебно во последно време кога повторно не игра во добра форма. Наводно Французинот нема ништо против да замине.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Евентуален неуспех на Манчестер во трката за влез во Лигата на шампионите би можел да донесе голем ремонт во тимот. Сега „Л’Екип“ објави дека Погба им се доверил на своите соиграчи дека сака да се пресели кај неговиот сонародник Зинедин Зидан, во Реал Мадрид.
Дека таков трансфер е можен пред неколку дена пишуваше и новинарот Фредерик Каланга.
„Договорот е се поблиску, трансферот би изнесувал 150 милиони евра. Мино Раиола бара 18 милиони евра за договарање на трансферот, 5% од правата за користење на името на играчот и Погба да биде помеѓу тројцата најплатени во тимот“, тврдеше неодамна Каланга за „Ле10Спорт“.
За доаѓање на Погба на „Сантијаго Бернабеу“ најмногу се залага Зидан. Како што пишуваат медиумите во Шпанија трансферот не е по желба Перез. Тој смета дека однесувањето на Погба може да донесе проблеми, на тоа Зидан го предупредуваа и скаутите, но изгледа дека Французинот е убеден во добра соработка со својот сонародник.
На веста за трансферот на Погба во Реал повеќе не треба да гледаме како на некоја медиумска шпекулација. Познато е каков углед има „Л’Eкип“ во Франција, а тука и новинарот Фредерико Каланга кој има одлични врски со репрезентативците на Франција.