Дома Македонски спорт Мак фудбал „Л’Eкип“ за мајсторијата на Барди против Лихтенштајн: Прекрасно!

„Л’Eкип“ за мајсторијата на Барди против Лихтенштајн: Прекрасно!

Македонија вчера го победи Лихтентшајн со 0:2 во рамките од 5-тото коло во Лигата на Нации и така стигнавме на чекор од пласман во полуфиналето.

Еден од најзаслужните за нашата победа беше Енис Барди кој уште еднаш покажа за каков фудбалски мајстор се работи.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Нашиот репрезентативец кој важи за еден од најдобрите изведувачи на слободни удари вчера со мајсторски удар од работ на шеснаестникот го скрши отпорот на противникот.

Оваа мајсторија на Барди беше забележана и од страна на реномираниот француски весник „Л’Eкип“.

„Директен гол од слободен удар на Барди за Македонија. Прекрасно“, напиша „Л’Екип“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Женските фудбалски надежи ќе учествуваат на УЕФА турнир во БиХ

Младата женска репрезентација на Македонија до 16 години во периодот од 16 до 24 април уче…