Дома Фудбал Лига на шампиони ЛШ: Хари Кејн и Бен Једер „УБИСТВЕНИ“, „Кралевите“ триумфално во Германија, Кутињо погоди Ливерпул разочара! (Видео)

ЛШ: Хари Кејн и Бен Једер „УБИСТВЕНИ“, „Кралевите“ триумфално во Германија, Кутињо погоди Ливерпул разочара! (Видео)

Во рамки на второто коло од Лигата на шампионите, вечерва беа одиграно осум дуели.

Тотенхем славеше на гости кај Апоел со 3:0, а стрелци сите погодоци беше фантастичниот Кејн, кој постигна хет трик со голови во 39., 62. и 67. минута од мечот.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Бешикташ без проблеми го совлада германскиот прволигаш Лајпциг со 2:0, Првиот погодок го постигна Бабел во 11. минута, а конечниот резултат го постави Талиска во 43. минута.

Борусија Дортмунд не успеа да му се спртивстави на Реал Мадрид. Во 18. минута Бејл постигна погодок кој беше вистинско ремек дело. На 2:0 предноста ја зголеми Роналдо во 50. минута, а по 4 минути, Обамејанг успеа да ја намали негативата за „Милионерите“. Сепак, Роналдо го постави конечниот резултат од 1:3 во 79. минута.

Манчестер Сити со 2:0 славеше над Шахтјор, а де Брујн беше прецизен за „Граѓаните“ во 48. минута. За потсетување на овој меч, Агуеро промаши пенал кој ќе ја зголемеше предноста за англискиот состав. Вториот погодок за Сити го постигна Стерлинг во 90. минута.

Порто на гости кај Монако оствари победа од 3:0,а стрелец на погодоците беше Абудбакар во 31. минута и во 69. минута. Третиот погодок беше дело на Лајун во 89. минута.

Наполи со 3:1 остварри триумф на домашен терен против Фејнорд. Инсиње во 7. минута го отвори резултатот, а во вториот дел во листата на стрелци се запишаа и Мертенс и Калејон. Почесниот погодок за Фејнорд го постигна Амрабрат во 93. минута.


Eкипата на Јирген Клоп, продолжува со лошите изданија и во Лигата на шампионите, овој пат тие одиграа само 1:1 против тимот на Спартак Москва. Фернандо со прекрасен погодок донесе предност за домаќините, додека Фелипе Кутињо погоди за изедначување.

Севиља благодарени на Бен Једер го совлада словенски Марибор со убедливи 3:0. Једер како Хејн оваа вечер запиша хет-трик.

Во последниот натпревар вечерва Бешикташ го совлада дебитантот Лајцпиг со 2:0.

 

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Астон Вила го награди Емери со нов договор

Унаи Емери, потпиша нов петгодишен договор со Астон Вила како награда за  добрите резултат…