Дома Фудбал Лига на шампиони ЛШ сезонава е спас за „проклетството“ на Кејн: Многу години натпреварите со Арсенал за мене беа најголеми во сезоната

ЛШ сезонава е спас за „проклетството“ на Кејн: Многу години натпреварите со Арсенал за мене беа најголеми во сезоната

Вечерва од 21 часот Баерн Минхен на домашен терен ќе го пречека Арсенал во реваншот во Лигата на шампионите откако на првиот дуел во Англија немаше победник (2:2). За Баерн Лигата на шампионите е единствената шанса за спас на сезоната, а за тоа се свесни и сите во клубот.

На таа тема сега зборуваше англискиот голгетер Хари Кејн кој на почетокот на сезоната го засили тимот на Баерн. Кејн сè уште нема ниту еден трофеј во својата богата кариера, а токму во сезоната во која тој пристигна Леверкузен ја прекина 11-годишната доминација на Баерн во Бундеслигата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн претходно беше елиминиран и од Купот на Германија, па така Лигата на шампионите е нивната последна шанса за трофеј.

„Секако, од гледна точка на клубот, ќе биде неуспешна сезона ако не освоиме ништо оваа година бидејќи од нас се очекува да победиме и да освојуваме трофеи, но сè што можеме да направиме е да се обидеме да ги свртиме работите во наша корист. Сезоната можеме да ја спасиме само со трофеј во Лигата на шампионите“, изјави Кејн.

Кејн добро знае како е да се игра против Арсенал бидејќи долги години во Англија го носеше дресот на Тотенхем.

„Имав многу историја со Арсенал, играјќи за Тотенхем, толку многу години во дербито во северен Лондон, очигледно тоа беше најголемиот натпревар во сезоната секоја година, но ова сега е друго поглавје“, додаде англискиот голгетер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Една од најголемите легенди на Нигерија стана селектор на репрезентацијата

Фудбалскиот сојуз на Нигерија денеска објави дека нов селектор на репрезентација е легенда…