Вечерва се комплетираше групната фаза во Лигата на шампионите.
Шестото коло го донесе и натпреварот во Торино помеѓу Јувентус и ПСЖ. ПСЖ веќе го обезбеди пласманот во осминафиналето од Лигата на шампионите, додека Јувентус ги загуби шансите да продолжи во најелитното европско натпреварување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За Јувентус не беше потврдено учеството ниту во Лигата на Европа, но благодарение на поразот на Макаби од Бенфика од 1:6 „старата дама“ остана на третата позиција. ПСЖ во Торино победи со 1:2.
Добро започна Јувентус создаваше прилики пред голот на Донарума, а кога пропуштија неколку прилики стигна казна од Килијан Мбапе. До изедначување Јувентус стигна со голот на Бонучи. Конечните 1:2 ги постави Нуно Мендеш.
Посебно интересно во оваа група е што после ова коло ПСЖ и Бенфика на првите две позиции имаат ист број на бодови, изедначен меѓусбен дуел (двата 1:1) и идентична гол-разлика.
Милан го потврди осминафиналето откако вечерва го совлада Салзбург со 3:0. Головите ги постигнаа Жиру два и Круниќ. Во вториот натпревар од оваа група Челзи му се реваншираше на Динамо Загреб за првиот натпревар во Лигата на шампионите. Петковиќ го отвори резултатот после седум минути, но Челзи направи пресврт преку Стерлинг и Закарија.
Манчестер Сити исто така со пресврт славеше победа против Севиља. Рафа Мир ја доведе Севиља во водство после половина час игра. Сити три гола постигна во вториот дел преку Луис, Алаварез и Марез. И покрај поразот Севиља продолжува во Лигата на Европа поради ремито на Копенхаен со Борусија Дортмунд 1:1.