Салах е вистинска ѕвезда во целиот свет, но се наоѓа во незавидна ситуација во својот роден Египет, каде мора да се „бори“ со луѓето до Фудбалската федерација.
Салах се буни против користењето на неговиот лик во комерцијални цели од федерацијата, конфликт кој започна летово, кога на авионот со кој репрезенативците патуваа на СП во Русија го имаше неговиот лик без дозвола.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Неговите молби веќе долго време се игнорирани, па така Салах сега се обрати преку својот адвокат.
Ова наиде на неочекувана реакција на луѓето од ЕФА. Најконтроверзна беше изјавата на Калед Латиф, член на бордот на Федрацијата кој на Твитер му порача: „Сакам да го потсетам Мо Салах дека неговата мајка уште живее во Египет. Ти си надвор и можеш да правиш што сакаш. Тие кои разбираат, разбираат“.
Магди Абд Ел Гани, уште еден член на бордот на ЕФА, пак, го нарече Салах „бела свиња“ на Твитер.