Дома Трансфер зона Лучијано Моџи тврди: Сергеј Милинковиќ Савиќ оди во Јувентус!

Лучијано Моџи тврди: Сергеј Милинковиќ Савиќ оди во Јувентус!

Заедно со него и португалскиот десен бек.

Иднината на Сергеј Милинковиќ Савиќ се уште не е одредена. Во игра се само големи клубови, а ако можеме да му веруваме на Лучијано Моџи тој оди во – Јувентус!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот спортски директор на гигантот од Торино, кој одработуваше казна поради познатата афера Калчополи е убеден дека 23 годишниот играч на Лацио од наредната сезона ќе биде во тимот на Масимилијано Алегри.

„На Јуве му препорачувам да го купи Милинковиќ Савиќ. Само тој доаѓа во предвид. Никој повеќе. Уште нешто ќе ви кажам: Преговорите со Лацио започнаа и тој ќе премине во Јувентус“, изјави Лучијано Моџи.

Со оглед на искуството кое го има овој човек нема зошто да не му веруваме, но останува дилемата според која шампионот на Италија би го довел. Клаудио Лотито, претседателот на Лацио за услугите на Савиќ бара огромни 150.000 милиони евра.

Потоа Моџи го прокоментира и евентуалниот трансфер на Кансело.

„Жоа Кансело од Интер сака да премине во Јуве. И Јуве го сака него, па така и таа работа без проблем ќе биде реализирана“, заврши Моџи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…