Дома Фудбал Англија Лук Шо: Заборавете го Меси, имав многу потешки противници

Лук Шо: Заборавете го Меси, имав многу потешки противници

Бекот на Манчестер Јунајтед Лук Шо зборуваше за играчите кои му било најтешко да ги запре.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


И не, не станува збор за Лео Меси, Роналдо, Нејмар и Мбапе. За Лук Шо најтежок противник бил Виктор Мозес. Фудбалерот кој сега е во Интер на позајмица, бил вистинска ноќна мора за Шо.

Лук играл во Саутемптон, а Мозес тогаш настапувал во дресот на Челси.

Нигеријскиот репрезентативец беше еден од најдобрите играчи на лондонскиот тим под водство на Антонио Конте во текот на сезоната 2016/17, кога Сините ја освоија ПЛ.

„Луѓето секогаш мислат дека се шегувам, но еден од моите најтешки натпревари беше дуелот против Виктор Мозес во времето кога играв во Саутемптон.“

„Беше вистински предизвик за мене – брз, моќен… Играв против играчи како Бејл, Меси, Азар и сите беа незгодни, но како најтежок противник и натаму го сметам Мозес.“ – изјави левиот бек на Црвените ѓаволи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Куман го објави списокот за Мундијалот, Холандија сака да оди далеку!

Тренерот на холандската репрезентација, Роналд Куман, го објави финалниот список од 26 игр…