Дома Трансфер зона Лука Јовиќ се сели во Серија А

Лука Јовиќ се сели во Серија А

Лука Јовиќ после само една сезона би можел да го напушти Реал Мадрид и да се пресели во Серија А.

Српскиот напаѓач беше донесен од Ајнтрахт за 60 милиони евра, но не ги оправда очекувањата.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ретко добива шанса, а шпански „Дон Балон“ пишува дека е „пречкртан“ во плановите на Зинедин Зидан.

Јовиќ оваа сезона одигра вкупно 24 натпревари и постигна само два гола, и двата во Ла Лига. „Дон Балон“ наведува дека прв во редот заинтересирани за неговите услуги е италијанскиот гигант Милан.

Се очекува Милан да се раздели со Ибрахимовиќ, а прв на листата желби е токму Јовиќ, кој би можел повторно да игра во тандем до Ребиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Завршува уште една ера: Со Клоп од Ливерпул заминува и фудбалерот кој пристигна во 2016 година

Јирген Клоп ќе замине на крајот од сезоната од Ливерпул, тоа е веќе потврдено, меѓутоа со …